Повремениот македонски репрезентативец, Дарко Димитриевски се врати „дома“ и потпиша за својот матичен клуб Борец од Велес.
Димитриевски, кој играше активно ракомет во странство, а потоа имаше неуспешно враќање во Македонија во редовите на Металург, реши да се врати во Борец и на тимот да му помогне во борбата за што подобар пласман во првенството. Својот прв меч во старо-новата средина Димитриевски ќе го има против Прилеп.
Бекот зад себе има настапи во Катар, шпански Пуерто Сагунто и Адемар Леон, унгарски Чургои, како и домашните Вардар и Куманово.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.