| четврток, 6 декември 2018 |

Вавринка: Приватните проблеми му наштетија на Ѓоковиќ

djokovic-i-vavrinka

Третиот светски рекет, Швајцарецот Станислас Вавринка, за швајцарските медиуми изјавил дека приватните проблеми влијаеле врз формата на најдобриот во светот, Новак Ѓоковиќ.

– Апсолутно го разбирам Ѓоковиќ. Она што сега му се случува мора да се погледне од поширока перспектива. Три години само победуваше, победуваше и победуваше. Покрај тоа, тој имаше и други проблеми во приватниот живот, кои му одмогнаа. Сепак, сигурен сум дека наскоро повторно тој ќе биде стариот Новак – рекол Вавринка во интервју за швајцарскиот „НЗЗ“.

Вавринка, на последниот гранслем во сезоната, УС Опен, го победи Ѓоковиќ со 3-1 во финалето и ја освои третата своја титула, во исто толку финалиња на гранслем-турнири.

Швајцарецот има од една титула во Мелбурн, Париз и од Њујорк, а за комплетирање на гранслем-титулите му недостигна таа од Вимблдон.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top