| четврток, 6 декември 2018 |

Промоција на „Последниот монах“ од Добре Тодоровски во „Матица ексклузив“

Во мултимедијалниот културен центар „Матица ексклузив“ , денеска (28 октомври), во 12 часот, ќе се одржи промоција на романот „Последниот монах“ од Добре Тодоровски, во издание на издавачката куќа „Панили“ од Скопје. За најновото дело на авторот ќе зборува писателот Панде Манојлов, а извадоци од книгата ќе чита Антонио Павловски.

Во своето најново дело писателот обработува тематика од нашето поблиско минато и литературно отсликува дел од животот на луѓето на испустените македонски села. Главниот лик на романот детството и младешките години ги поминува во Франција, каде што со одличен успех ќе заврши факултет.  Со го­ди­ните и животот поминат во друга земја, доаѓа до негово разочарување, а спасот го бара во мир и во тишина. Извесно време престојува во манастирот Хиландар на Света Гора, каде што и се замонашува.

По враќањето во Македонија животот го продолжува во еден од нашите манастири во пелагонискиот реон.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top