Светски познатата манекенка, Адријана Лима неодамна ги сподели своите емоции со обожавателите преку една потресна порака која ја објави на социјалните мрежи. Орлен Селар, позната дизајнерка и нејзина блиска другарка, неодамна почина, а убавата манекенка не може да ја опише болката што ја чувствува поради оваа загуба.
– Премногу ми недостасуваш! Ми недостасува нашето допишување наутро, ми недостасува да шетаме и да разговараме, да се смееме. Би сакала да можев да се простам од тебе, знај дека си сакана и дека ќе те сакам засекогаш, напиша Адријана под нивната заедничка фотографија со која се потсети на нивните најубави мигови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.