| четврток, 6 декември 2018 |

Канческа Милевска: Бројни инвестициите на Владата и Министерството за култура во општина Прилеп

kanceska-gif1_-640x427

Во рамки на средбите со граѓани кои што ги остваруваат високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ, Елизабета Канческа – Милевска заедно со градоначалникот Марјан Ристески денеска го посетија Заводот за заштита на спомениците на културата и Музеј – Прилеп каде е завршена реализацијата на основниот проект за препокривање на административната зграда, археолошка поставка, депоата за икони, археолошки и етнолошки експонати.

– Заводот за заштита на спомениците го реализираше проектот за непосредна заштита на административната зграда, поставување термо и хидриозолациона заштита и замена на керамидите во која е сместена институцијата која ја сочинуваат 5 објекти, депоата со археолошки материјал, зградата каде се наоѓа етнолошкото и историското депо како и зградата во која се сместени канцеларии и депото за големите керамички експонати, административните простории, постојаната археолошка поставка, библиотеката и постојаната етнолошка поставка. Слободно можам да кажам дека навистина бројни се инвестициите на Владата и Министерството за култура во општина Прилеп, истакна Канческа – Милевска.

kanceska-gif3_-640x427

Таа и градоначалникот Марјан Ристески го посетија и манастирот Трескавец каде во тек е обновата на опожарените конаци и изработка и реализација на проектите за црквата, трпезаријата, магерницата, магерничкиот конак и камбанаријата  во манастирот Трескавец.

kanceska-640x427

Министерката посочи дека се се одвива според предвидената динамика, а целосната реализација на обновата на опожарените конаци е предвидена за до крајот на следната година, појасни Канческа Милевска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top