| четврток, 6 декември 2018 |

Северина ифрит лута: Ич да не ви е гајле што сум правела

Северина зборива јавно за естетските операции – дали ги зголемила усните, дали ставила силикони во градите, дали го затегнала лицето. На овие теми многу се зборува и многу се нагодува, а Севе открива колку во тоа има вистина. Сепак, оваа тема не ѝ е многу интересна.

-Смешно ми е. Од секогаш сум била природно добро составена во сите делови. Имаш што да покажеш? Да, имам што да покажам!, вели таа.

koncert-Severina-Antonis-Remos-230915-ZK-9-660x330 (1)

Некои тврдат дека Северина за им го должи добриот изгледа на есетските поправки.

-Јас мислам дека тоа прашање не треба да се поставува од општа култура. Тоа е како некој да те праша за поправање заби. Жените се избориле за своите силикони и да бидат конечно убави!

На крајот Северина вели дека жените имаат право да покажат што сакаат.

-Што сакате правете со своето тело, само мсилете со своја глава. Нека не мислат со вашата глава други или државата. Па ако сака, жената може да стави и силикони. Нека става, нека трупа, што сака нека прави, сѐ додека тоа е нејзина желба. Па, како што пеам во „Силикони“ „И да сум рамна, ти се допаѓам“, каква што јас никогаш не сум била.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top