Составот на Цедевита му го нанесе и вториот сезонски пораз на МЗТ Скопје во рамките на Еврокупот, иако евидентен беше напредокот во играта, но на крај изостана спортската среќа.
– Мислам дека одигравме квалитетен натпревар, но она неискуство на дел од играчите не чинеше на крај пораз, по незнам кој пат загубивме на една топка, на еден шут. Како и да е, јас сум задоволен од сите играчи, успеавме да одиграме добро, но сепак тие имаа нов играч кој не изненади. Направија многу повеќе офанзивни скока. Имавме слаба ротација, особено на надворешните позиции, што на крај беше клучно за крајниот епилог. Нема да згрешам да кажам, ако победевме ние, немаше да биде незаслужено – изјави стратегот на МЗТ, Александар Јончевски
Следниот предизвик за МЗТ Скопје во рамките на групата А од Еврокупот е гостувањето следната среда во Русија кај тимот на Нижни Новогород.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.