| четврток, 6 декември 2018 |

Рома посилна од Сасуло: Џеко го израмни рекордот на Батистута

Босанскиот репрезентативец Един Џеко беше еден од најзаслужните за победата на Рома синоќа на гостувањето кај Сасуоло.

Римјаните иако губеа на мечот, благодарение на Един Џеко се вратија во игра и направија комплетен пресврт, а со двата погодоци, босанскиот репрезентативец стигна до бројката од 10 постигнати погодоци оваа сезона.

Тоа значи дека Џеко не само што моментално е најдобар стрелец во Серија А, туку и го израмни рекордот на легендарниот напаѓач Габриел Батистута. Имено, досега само Аргентинецот во дресот на Рома имал постигнато 10 гола на 10 натпревари од отворањето на сезоната, а тоа се случило во сезоната 2000/2001.

Исто така, вреди да се истакне дека Един Џеко е првиот играч во петте најсилни европски првенства кој што успеал да стигне до двоцифрен број на голови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top