| четврток, 6 декември 2018 |

МЗТ Скопје пропушти шанса да се напие Цедевита, Хрватите на искуство ја грабнаа победата во „Јане Сандански“

Македонскиот шампион МЗТ Скопје пропушти голема шанса да слави победа во вториот натпревар од Еврокупот на домашен терен во СЦ „Јане Сандански“ против екипата на Цедевита. Гостите од Хрватска славеа во самиот финиш од мечот со 89-85.

mzt-skopje

Александар Јончевски и неговите избраници имаат за што да жалат бидејќи го диктираа темпото во поголемиот дел од мечот, имаа и предност од 12 поени, но и тоа се покажа недоволно за македонскиот првак да се израдува на првата европска победа. Кризата во таборот на „сино-белите“ продолжува, а излезот е се потежок ако се земат во предвид отсуствата на неколку клучни играчи, кои нема да настапат ниту на следните средби на МЗТ во Еврокупот и во АБА-лигата.

Двете екипи имаа големи проблеми со составите во пресрет на овој дуел, а сепак искуството што го имаат избраниците на Вељко Мршиќ пресуди за победникот. МЗТ Скопје како ретко кога сезонава, добро го отвори натпреварот, со сигурна и прецизна игра во напад и доста цврста игра во одбрана со која Цедевита ја примора на низа грешки. На две минути пред истекот на воведната четвртина „металците“ водеа и со + 7 (24-17), но проблемите со кратката клупа која се одрази на ротацијата, дозволија хрватскиот првак да израмни на 26-26.

Аеродромци фуриозно тргнаа и во втората половина од првото полувреме, откако со тројката на Цветковски за првпат поведоа со двоцифрена разлика од 40-30. Во следниот напад „штрковите“ преку Скот дојдоа и до +12 (42-30), но тука застанаа. Цедевита во продолжение направи серија од 0-8 и дојде на -4 (42-38). Во завршните минути од полувремето избраниците на Јончевски повторно се вратија на посакуваниот колосек, па на пауза заминаа со +6 (46-40).

mzt-skopje-1

Цедевита предводена од Џексон набрзина го сврте резултатот во своја корист, поведувајќи со 49-50 во 23. Минута од натпреварот. Сепак, Американецот почна да промашува, а „металците“ знаеја како да го искористат тоа, постигнаа седум поени во низа за водство од 56-50. Мекиќ, кој исто така добро ја искористи минутажата, украде топка и асистираше до Кларк, кој реализираше за 58-50, принудувајќи го гостинскиот тренер да земе тајмаут. Офанзивниот скок функционираше, но затоа затаи шутот, па „металците“ во следните три минути не постигнаа поен, па Јончевски беше принуден на тајмаут откако Цедевита се приближи на 58-56. По техничката грешка на тренерот на МЗТ гостите дојдоа до 63-62, не реализираа и напад, по што МЗТ конечно се разбуди, па во последната четвртина македонскиот шампион влезе со предност од 67-62.

Следеше драматичен финиш, Скот направи лична грешка врз Џексон, но Американецот погоди на 1неполни две секунди до крајот, и донесе победа од 85-89 за Хрватите.

Кларк со 23 поени и Темс со 18 се извоија кај „штрковите“, а Скот крај своето име запиша 15 поени. Џексон беше најзаслужен за победата на Цедевита, постигнувајќи 29 поени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top