Шолји за кафе, пијалок за домаќинот, чоколадо за децата, богат букет цвеќе за домаќинката? Дали е ова малку или премногу за подарок кога одите кај некого на именден или слава?
Подарок секако дека се носи. Тоа е начин на кој вие се заблагодарувате на поканата и на вечерата која ќе је изедете кај домаќините.
Некогаш порано гостите кои доаѓале на некаква веселба носеле нешто со што можат да помогнат, како храна или пијалок на пример.
На село обично на славите се носело едно јаболко како симбол за добра желба и една коцка шеќер, за децата. Многу било важно да се даруваат децата, за и тие да ја памтат славата по убаво. Домаќинките добивале букет цвеќе најчесто набрано од градината. Во зима, се носеле ореви.
Во градовите било поинакво. Домаќините оделе во црква каде што носеле колач, пченица и црно вино. Потоа се враќале дома и чекале гости. Некои дочекувале гости со богата трпеза, а оние кои не биле многу богати, имале само закуска. Гостите кај нив доаѓале на честито, би каснале колачи и си заминувале.
Се случувало гостите да дојдат само со добри желби, без подарок и тоа било сосема нормално. Но, потоа следел период во кој луѓето од село доаѓале да живеат во градот и со тоа ги донеле своите навики. Подарокот станал задолжителен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.