| четврток, 6 декември 2018 |

Починатиот татко му оставил најубав подарок за роденден на синот

Тинејџерот од Мичиган, Џонатан Кроу пред два месеци го загубил својот татко. Пред некој ден Џонатан наполнил 16 години, а најголемото роденденско изненадување стигнало токму од неговиот починат татко.

Џонатан е вљубеник во музиката, па татко му решил да му подготви гитара, како изненадување за 16-от роденден.

– Дента го земав брат ми од училиште и му ставив превез преку очите. Отидовме во музичкиот центар каде го доби изненадувањето со порака: „Среќен роденден пријателу. Твојот татко е многу горд на тебе, напишала сестрата на Џонатан Чендлер на Фејсбук, објавувајќи ја приказната.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top