И.Н. (24) од Белград пред четири години со свои двајца другари биле уапсени поради вооружен грабеж на златара во Нови Сад. Кога завршил зад решетки имал 20 години. Претходно исто така учествувал во грабежи од кои се стекнал со повеќе од 10 000 евра и имал за комотен живот.
– Излеговме од кола, ставивме црни капи на главите и тргнавме да крадеме во златарата. Завршивме и си отидовме по дома. Утредента се слушнав со другарите и знаевме дека не брка полиција. Планирав да побегнам на Косово за да не ме уапсат, но полицијата сепак не фати, раскажува тој за српски Телеграф.
Додека „оперирале“ ги видел работник во пекара кој им ја запишал регистарката табличка на возилото со кое заминале, по што ги пријавил во полиција.
И.Н. останал без татко на свои 18 години, по што дома не се вратил цели 6 месеци.
– Со мајка ми бев во лоши односи затоа што знаеше дека крадам и дека во тоа време продавав марихуана. Тоа ми обезбедуваше комотен живот, но сепак беа пари кои за многу кратко време се трошат.
Кратко откако го затвориле, го ставиле во самица каде минал 5 дена, а вели тогаш најмногу го мачела мислата за неговата мајка, и за тоа што ќе му се случува во затворот.
– Тие денови во самица, соба грч ладна и полна со глувци кои ако заспишел може и да те гризнат, се помирив со судбината дека следните неколку години ќе ги поминам во затвор. Мајка ми воопшто не очекував да ме посети, но сепак доаѓаше колку што можеше. Најмногу ми беше криво за неа. Кога си во затвор, брзо се гледа кои ти биле вистински пријатели. Од многуте другари и девојки со кои минував многу време, само тројца ми доаѓаа на посета и ми помагаа.
– Таму е голема досада и те убива самотија и депресија. Околу три месеци не излегов надвор од келијата и веќе ми се смачи да ги гледам лушето околу мене. Нема што да правиш, па животите на луѓето надвор и информациите што ги добиваш за нив ти стануваат преокупација. Таму во голема мера ги губиш чувствата и си велиш тешко што може да ме потресе и да ми биде потешко од таму. Само губењето на мјка ми би можело да ме погоди, раскажал тој.
Кога излегол од затвор, вели му било тешко на секое поле. Работа барал повеќе од една година. Девојките кои ги познавал и со кои се гледал повеќе не биле заинтересирани затоа што водел друг живот.
– И јас не можам повеќе да се вклопам во нивниот живот. Сега барам нормална врска и нормална девојка. Предизвикот е друг кога ќе излезеш и кога ќе треба да се вклопиш назад во нормалата. Те притискаат мислите, минатото, притисокот од околината и познаниците кои се уште се во криминалните кругови. Сето тоа на моменти е потешко отколку да си затворен, раскажал И.Н.
Излегувањето од завор вели го слави како втор роденден Во мај 2014 година излегол од затвор откако казната му била скратена на 20 месеци.
– Тој ден и тоа чувство не можам да го опишам. Неочекувано ми дојдоа полицајците и ми рекоа да се спакувам затоа што ќе излезам надвор.
Вели како на филмовите, со две црни кеси се качил во автобус и тргнал дома. Кога мајка му го видела на куќниот праг, за малку не паднала.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Затвореник починал на Ургентен, му се слошило во „Идризово“
-
Jа ограбиле бабата која им изнајмила соба во Охрид: Двајца скопјани во притвор
-
Скандал во Идризово: Повеќе од два месеца нема лекови во затворот
-
Во 12.500 пораки го опишале одвратното злоставување на бебе и 5 годишно девојче: Мајката и љубовникот осудени на 50 години затвор