| четврток, 6 декември 2018 |

Маркисио назад во составот на Јувентус по пауза од шест месеци

markisio

Италијанскиот репрезентативец Клаудио Маркисио би можел вечерва по пауза од цели шест месеци повторно да се појави во дресот на Јувентус во Серија А. Тој заработи сериозна повреда на лигаментите на коленото на мечот против Палермо во април, и го пропушти Европското првенство во Франција. Но, по долгата рехабилитација и напорните тренинзи за враќање во нормален тренажен процес, Маркисио е подготвен за камбек, а тоа го потврди и тренерот Масимилијано Алегри.

– Маркисио е во составот. Тој би можел да добие одредена минутажа, исто како и Ругани и Асамоа во средниот ред. Клаудио секако ќе ни донесе голема сигурност, дали на овој или на следните мечеви, во тоа немам никакво сомневање. Едноставно мораме да се вратиме на победнички патеки по поразот од Милан – најави тренерот Масимилијано Алегри.

Во нападот на дуелот против Сампдорија ќе играат Гонзало Игуаин и Марио Манџукиќ, а можно е шанса да добие и Марко Пјаца.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top