| четврток, 6 декември 2018 |

Арнаудовски мотивиран, по повикот од Червар возврати со 13 гола

risto-arnaudovski

Влучувањето на родениот загребчанец со македонско потекло Ристо Арнаудовски во скратениот список на македонската ракометна репрезентација за многумина беше изненадување, но искусниот лев бек со одличен настап за својот тим Ферлах потврди дека се наоѓа во одлична форма. Имено, Ферлах вечерва се сретна со екипата на Кремс, каде настапува Влатко Митков и триумфираше со 30-28 пред се благодарение на извонредниот настап на Арнаудовски.

Македонскиот интернационалец го заврши натпреварот со дури тринаесет постигнати погодоци (четири од пенал). Тој во втората минута го отвори резултатот за 1-0, до крајот на полувремето постигна вкупно шест гола, за со нови седум погодоци во вторите 30 минути да му ја донесе победата на својот тим. На спротивната страна во одлично светло се покажа и Митков, кој постигна седум гола на оваа средба.

Дефинитивно, идеален начин да му се заблагодари на селекторот Лино Червар за вклучувањето во националниот тим во пресрет на квалификациските натпревари со Украина и со Чешка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top