Утре од попладневните часови, претежно на север и исток, ќе има повремени врнежи од дожд. Слаб повремен дожд ќе има и во четврток, а од попладневните часови и преку ноќта кон петок врнежите повремено ќе бидат поинтензивни.
Од среда попладне ќе започне да дува северен ветер кој во наредните денови повремено ќе биде засилен и ќе предизвика значително опаѓање на температурите за десетина степени во однос на денешните.
Поради спуштање на студен воздух од север во текот на ноќта кон петок и во петок претпладне на повисоките планини во северозападниот дел од земјава врнежите ќе поминуваат во снег.
Од петок попладне следува период на стабилно, суво и постудено време со утрински температури кои на некои места ќе се спуштат и под нулата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.