| четврток, 6 декември 2018 |

Антоан Гризман е МВП на Примера дивизија за минатата сезона

antoan-grizman

Синоќа со гала свеченост во Мадрид беа прогласнеи најдобрите фудбалери за минатата сезона во најсилното национално првенство во Европа, шпанска Примера дивизија.

Според очекувањата за најкорисен МВП фудбалер на сезоната 2015/16 е Антоан Гризман, кој го победи Лионел Меси од Барселона, кому му припадна признанието најдобар напаѓач.

lionel-mesi

Најдобар голман е Јан Облак од Атлетико Мадрид, неговиот клупски другар Диего Годин е најдобар дефанзивец, а Лука Модриќ од Реал Мадрид е најдобар фудбалер за врска.

Доминацијата на Атлетико Мадрид ја комплетираше Диего Пабло Симеоне, кој е прогласен за тренер на годината. Најдобар млад фудбалер е Марко Асенсио, кој минатата сезона настапуваше за Еспањол, а специјално признание доби првиот стрелец на минатата сезона и „Златната копачка“ на Европа, Луис Суарез.

Фудбалерите на Барселона не присуствуваа на манифестацијата, бидејќи утре го играат финалето на Суперкупот на Каталонија против Еспањол.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top