| четврток, 6 декември 2018 |

Тотална спротивност од Лионел: Братот на Меси уапсен синоќа, нелегално поседувал оружје

Фудбалерот на Барселона, Лионел Меси вчера постигна гол со кој Барселона победи во дерби средбата против Атлетико Мадрид со 1-0.

Барселона во моментов има осум поени предност пред Атлетико Мадрид и по се изгледа ќе ја освојат титулата годинава, а додека Аргентинецот доминира со своите потези и голови во Примера и Европа, неговиот брат Матијас беше уапсен вчера.

Во декември Матиас беше во домашен притвор, но тоа изгледа не било доволно предупредување, па сега тој ќе мора да заврши во затвор. За разлика од Лионел кој важи за многу мирен и интровертен, неговиот постар брат Матиас одамна важи за проблематичен и сега бил фатен како нелегално поседува оружје со кое му се заканувал на еден возач. Потоа наводно удрил и човек, па пристигнала полицијата и го затворила.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top