Фудбалерот од средниот ред на Баерн Минхен, Ренато Санчез е најдобриот млад играч во Европа за 2016 година. Тој ја доби оваа награда во конкуренција на колегата од Баерн, Кингсли Коман и фудбалерот од нападот на Манчестер јунајтед, Маркус Рашфорд.
Наградата „Златно момче“ се доделува на играчи до 21 година, а за него гласаат новинари од водечките спортски медиуми во Европа.
Санчез летово дојде до титула на ЕП во Франција со селекцијата на Португалија така што ова му беше најголемиот успех.
Минатата година оваа награда ја доби Антони Марсијал од Манчестер јунајтед.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.