| четврток, 6 декември 2018 |

Младиот Португалец се сели на Островот: Ренато Санчез на едногодишeн заем во Свонси

Младиот и талентиран играч за врска, Ренато Санчез по само една година во Баерн Минхен, ќе ја замени клупската средина барем на една година. Тој оваа сезона ќе ја помине во тимот на Свонси, кој за неговиот едногодишен заем ќе плати 8,5 милиони евра.

Тимот од Велс летово остана без својот најдобар фудбалер Гулфи Сигурдсон, кој премина во Евертон, па ваквото засилување беше неопходно за тимот од Либерти. Санчез вежи за еден од најдобрите млади фудбалери на денешницата, но во својата прва сезона во Баерн не успеа да ги оправда очекувањата.

Доколку следното лето Свонси сака да го откупи неговиот договор, за услугите на Санчез ќе треба да плати уште 30 милиони евра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top