Асма Асад одела во училиште во Англија, каде пријателите ја знаеле како Ема, обична ученика која е духовите и пријателски настроена, иако повремено со краток фитиљ.
Првата дама на Сирија, Асма ал Асад, за руските медиуми дала прво интервју по 8 години, во кое вели дека чувствува болка и тага поради војната во својата земја, пренесува Гардијан.
Експертите истакнуваат дека нејзиното интервју е знак на самодовербата на режимот.
-Косата ѝ била средена со вкус, шминката без грешка и дискретна. Тонот на Асма ал Асад бил беспрекорен додека го давала своето прво телевизиско интервју за осум години”, го започнува Guardian својот текст.
Како што наведува британскиот весник, со благ лондонски акцент рекла дека чувствувала “болка и тага” кога се сретнала со повредените и оние кои останале без своите најблиски во судирите, поради што им понудила помош.
-Дали вие би можеле да ги игнорирате? Во Сирија веруваме во одржувањето на зборот. Тоа е важно, вели таа.
Гаедијан нагласува дека во интервјуто не бил споменат фактот дека нејзиниот сопруг Башар ал Асад продолжува да фрла бомби на цивили, иако е споменато дека постои големо патење на двете страни на судирите, а не ја споменала ниту улогата на Русија, како ни обвиненијата за воени злосторства.
На прашањето зошто странските медиуми инсистираат на критика на нејзиното семејство и воопшто не ја споменуваат нејзината хуманитарна работа, Асма ал Асад вели: “Тоа е прашање кое што треба да им го поставите на нив”.
Британскиот весник пишува дека нејзината одлука да го прифати интервјуто по осум години тишина, предизвикала фасцинација од жената која била опишувана како “првата дама на пеколот” и „пустинска роза”, како што гласи насловот на нејзиното последно интервју од 2011. година за Вог.
Каква врска, оваа паметна и елегантна жена со лондонски акцент која зборува за сочувство, има со бруталноста на режимот кој нејзиниот сопруг го води. И зошто дури сега одлучила да зборува”, се прашува Guardian, пренесува Tелеграф.рс
Професорот по историја на Тринити универзитетот во Сан Антонио и автор на книгата “Сирија: Падот на домот на Асад”, Дејвид Леш, вели дека одлуката на првата дама да се појави е знак на самодовербата на режимот “на начин на кој ја гледаат својата позиција – мислат дека победуваат”.
-Мислам дека сето ова е дел од пропагандните обиди да се покаже стабилноста и неранливоста, како и дека тие ја контролираат земјата. Мислам дека чувствуваат дека се безбедни бидејќи ја имаа поддршката на Русија и Иран, наведува тој.
Асма Асад одела во училиште во Англија, каде пријателите ја знаеле како Ема, обична ученика која е духовите и пријателски настроена, иако повремено со краток фитиљ.
Во Лондон одела на колеџ по што на кратко станала инвестициски банкар во Њујорк. Го запознала Башар ал Асад во Лондон, во 2000. година го обновиле контактот и во тајност се венчале.
Тогаш имала 25 години, а Асад во тоа време станал претседател по смртта на својот тако.
Кога започнале судирите во Сирија, се поставило прашањето колку Асма знае за акциите на својот сопруг. Сопругите на британскиот и германскиот амбасадор направиле видео во 2012. година, во кое апелирале до неа да преземе ризик и отворено да каже “сопрете го крварањето, престанете веднаш”.
„Не може да се крие зад сопругот”, рекле тие.
По некое време Guardian објавил приватни мејлови на брачниот пар Асад, како наводен доказ дека таа троши големи суми за накит, облека и декорација на куќата, но и за тоа колку Асма и Башар имаат близок однос.
-Доколку останеме заедно ќе го надминеме ова…Те сакам, му пишува таа на својот сопруг во еден мејл, наведува Гардијан.
Асма Ал Асад во интервјуто за руските медиуми вели дека ги одбила сите понуди од противниците на нејзиниот сопруг да премине кај нив.
-Тука сум од почетокот и никогаш не сум помислила дека би можела да одам на друго место. Да, понудено ми е да ја напуштам Сирија, поточно да побегнам од неа. Тие понуди вклучуваа и безбедносни гаранции и заштита за моите деца, дури и финансиска гаранција. Не треба да бидеш гениј за да знаеш што навистина сакаа тие луѓе. Тоа беше намерен обид да се разниша самодовербата на народот и претседателот, вели таа.
Асма има 41 година, и мајка е на три деца.
Таа во интервјуто ги осудила санкциите за Сирија, наведувајќи дека тие му штетат на обичниот народ, како и известувањето на западните медиуми.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.