| четврток, 6 декември 2018 |

Рома лесно го победи Палермо, Несторовски одигра цели 90 минути

As Roma 21/10/2016 - campionato di calcio serie A / Roma-Palermo / foto Antonello Sammarco/Image Sport nella foto: esultanza gol Edin Dzeko

Рома стигна до шестата победа во Серија А, победувајќи го Палермо на домашен терен со 4-1. „Волчицата“ беше супериорна во текот на целиот меч, а Илија Несторовски беше дел од тимот на Палермо и одигра цели 90 минути.

Мохамед Салах во 31.минута го отвори резултатот на овој натпревар, а на 2-0 зголеми Паредес на почетокот на вториот дел. Џеко беше стрелец на третиот гол за Рома, Кваизон во 80.минута постигна почесен погодок за Палермо, а конечниот епилог го постави Ел Шарави две минути подоцна.

Рома со овој триумф се искачи на втората позиција на табелата со 19 бода, два помалку од лидерот Јувентус.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top