| четврток, 6 декември 2018 |

Латас за проектот на Заев: Македонија без даноци – протекторат на Косово

%d0%b7%d0%b0%d0%b5%d0%b2-%d0%b4%d0%b4%d0%b2

Издржавме две години газење врз државата, културата, традицијата, домаќинските навики и воспитување… газење врз институции, нација, приватност, јавен имот и основни права… секоја уличарска будала и анонимен политикантски лузер се прогласуваше себе за фактор и невладин активист кој поставува свои услови – како сите да станеме уличари, исти како него, пишува Драган Павловиќ Латас во последната колумна „Ноќ“.

Претседателката на Уставниот суд, Елена Гошева, им порача дека неможе улицата да наредува одлуки на Уставниот суд!

Судскиот совет, во име на судиите и судовите, објави дека работат под притисок на партија – СДСМ и партиските алатки СЈО и Сорос медиумите.

Кога суд ќе го каже ова, и ќе побара помош и поддршка од граѓаните, очигледно државата е дотерана до ѕид. А државата сме ние, дотерани до зид без излез, заедно со неа.

Зошто ова ни се случува, зошто го дозволивме? Затоа што бевме комотни, поделени на сеирџии и работници, на уличари и домаќини гледајќи на сево ова како на забава.

Затоа што, кога веќе победува, ВМРО требаше да има 63 пратеници на претходните избори. Да ги имаше до ова немаше да дојде. Кога веќе убедливо загубија, ништо кај СДСМ немаше да смени ако ВМРО ДПМНЕ имаше два-три пратеници повеќе од сега, а ќе сменеше многу работи во државава. Следната шанса за спокој ни е на 11 декември.

А до тој 11 декември ќе се изнагледаме уште многу театри, анархии и уличарења.

Кога обвинителство, во случајов СЈО, е главна вест на телевизиите, тоа само по себе значи дека со таа институција нешто не е во ред. Кога СЈО јавно суди, тоа значи дека нема веќе ни суд, ни влада, ни собрание, ни медиуми, ни јавност… ни слободни граѓани.

На СДСМ не му оди. Заев тврди дека секоја фамилија ќе добиела од него преку ДДВ плата плус во домот. Само не кажа која држава успеала да преживее без даноци. Или, Заев не ни планира Македонија да опстане како држава. Да биде протекторат на Косово, па како Косово и Црна Гора да се издржува од шверц на дрога и цигари. Заев веќе ги има дилерите за тој буџет, а сите ние ќе бидеме само корисници и зависници.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top