Шест од десет Грци се против употребата на терминот Македонија во името на нашата земја. 55% од граѓаните на нашиот јужен сосед сметаат дека користењето на името Македонија би значело и територијални претензии на нашата земја кон Грција, додека 8 од 10 испитаници велат дека е потребно што побрзо решавање на спорот со името. Ова го покажуваат резултатите од анкетата за јавното мислење во Грција, спроведена од Универзитетот Македниа и грчката фондацијата ЕЛИАМЕП, а со поддршка на Универзитетот Колумбија од Њујорк.
Во однос на помошта од меѓународните власти за решавање на спорот со името, 4 од 10 Грци сметаат дека лобирањето на САД, ЕУ и Германија оди во прилог на Македонија.
Резултатите од прашањата посветени на толеранцијата кон другите националности покажуваат дека Грците повеќе би прифатиле како дел од семејството Сириец, Пакистанец и Албанец, отколку Македонец.
44% би прифатиле Македонец во семејството, 26, 5% би прифатиле Македонец како колега, додека 21% воопшто не би прифатиле.
Македонија е на второто место во однос на земјите за кои грчките државјани имаат негативо мислење, пред нас е единствено Турција.
72 % од испитаниците сметаат дека меѓународната положба на Грција е ослабена во споредба со тоа каква била состојбата пред една година.
Над 50% од анкетираните сметаат дека нашата земја има поголема корист од економските односи меѓу двете земји, додека 3 од десет Грци велат дека има взаемна корист.
Позитвна точка од резултатите од анкетата е ставот на 51,5% од грчките граѓани дека решението на спорот за името ќе во блика иднина ќе биде во корист на двете земји.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.