| четврток, 6 декември 2018 |

Фамилијата на генералот Апостолски жалела за убиството на еден од најголемите водачи на ВМРО

Пред одржувањето на изборите во Кралството Југославија, во кампањата се вклучила и ВМРО на чело со Александров. Во писмото испратено до Македонците што се наоѓале под српска окупација, во точка 3. Александров запишал: „Ако српската шовинистичка власт не дозволи да се изберат локални водачи, сите избирачи да ги дадат своите гласови на комунистите, под услов последните да се согласат во прво време да се борат за федеративно уредување и за примена на договорот за малцинствата“. Со последниот дел од реченицата Александров ги потсетувал и самите комунисти дека треба да се борат за федерален статус и за признавање на Македонците.

Почитуван, дали ви е малку појасна прагматичноста кај македонските дејци за достигнување на целта? Доколку не ви се разјасни, ќе ви дополнам уште со неколку факти, му се обраќа колумнистот Никола Србов во колумната „Милчин го воскреснува „ванчомихајловизмот“ со удбашки манипулации“.

Во 1974 година, во пресрет на Конгресот на ДООМ, кој требал да се одржи во Минхен, Драган Богдановски испратил писмо до својот близок соработник од Париз во кое му пишал дека сака во Движењето да внесе социјалистичка компонента сѐ со цел да добијат помош од Советскиот Сојуз, или од одредени кругови во СФРЈ, кои се појавиле по носењето на Уставот во 1974 година. Замислете, антикомунистичката, антидржавната политичка емиграција зборувала за социјализам, но тоа, почитуван Милчин, се вика прагматичност кон постигнување на целта, обединета и независна Македонија.

На крајот ќе завршам со зборовите на генералот Михајло Апостолски запишани во неговите последни сеќавања: „Додека бев на школување во Белград, во едно писмо мајка ми ми пишуваше дека Тодор Поп Орушов е убиен и дека тие се во голема жалост. Интересно е што цензорите не сфатиле за кого станува збор бидејќи беше пишан како Поп Орушов, а стануваше збор за Тодор Александров“. Гледате почитуван, фамилијата на генералот жалела за убиството на еден од најголемите водачи на ВМРО.

Целиот текст можете да го прочитате ТУКА или во печатеното издание на неделникот Република, кое излезе од печат на 21 октомври 2016 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top