| четврток, 6 декември 2018 |

Србов: Ако договорот беше добар, власта немаше да води кампања со лаги

Остануваат уште неколку денови да го прочитаат договорот оние кои тоа не го сториле. Освен ВМРО ДПМНЕ која ги презентира фактите од договорот, а која нема медиумски простор колкав што има власта, ниту една друга политичка сила не говори за фактите, ова преку Фејсбук статус го истакна Никола Србов од ВМРО-ДПМНЕ.

Тој понатаму во статусот додава дека Димитов, три дена пред референдум, сега решил да вади точки од договорот на прес конференција. Доколку договорот беше добар, како што велат од власта, целата нивна кампања ќе се базираше врз она што е запишано во тој договор, точките од договорот ќе ги знаеше целиот народ на памет. Но со самото тоа што гледаме дека власта води кампања со лаги и флоскули од типот „бесплатно здравство“ и „мед и млеко“, ни дава до знаење дека ни тие самите не сакаат граѓаните да го прочитаат документот кој го потпишале. За оној дел од народот кој пак го прочитал договорот си циркулира кампања со предвидувања на црни сценарија, закани за војни, дестабилизации, отцепувања, итн. Колку што ме држи меморијата, пред да дојде СДСМ на власт никој не говореше за војни, отцепувања, федарации, итн. Секој треба да прочита што потпишала Владата во „негово“ име!, пишува во својот Фб статус Србов.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top