| четврток, 6 декември 2018 |

Пукано и фрлена бомба врз возило „ауди“ во Козле

Во Скопје, на ул. „Козле“ ноќеска околу 2.50 часот од страна на непознат сторител било пукано од огнено оружје, најверојатно од автоматска пушка, во патничко моторно возило „ауди“ сопственост на Р.К., а воедно била фрлена и експлозивна направа која не се активирала.

МВР денеска соопшти дека по извршување на кривичното дело лицето го напуштило местото на настанот. Повредени лица нема.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top