Вечерва, 21 октомври, во 19.00 часот во галеријата „Борко Лазески“ во ЦК “Марко Цепенков“ во Прилеп ќе биде отворена изложба на графики од Дијана Томиќ – Радевска…
Со отворањето на оваа изложба ќе профункционира новата ликовна галерија во Центарот за култура насловена по големиот македонски и прилепски уметник, еден од основоположниците на македонското современо сликарство Борко Лазески, кој во Центарот пред 20 години наслика мурал.
Со новата галерија „Борко Лазески“ ЦК „Марко Цепенков“ има три галериски простори преку кои ќе ја презентира ликвоната уметност во Прилеп. Инаку, уметницата Дијан Томиќ Радевска ќе се претстави со 60 графики.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.