| четврток, 6 декември 2018 |

Бесплатниот интернет во корист на порно- страниците

Бесплатниот бежичен интернет на железничка станица во Индија ги зголеми посетите на интернет страниците со порнографска содржина. Мобилниот интернет е доста скап за животниот стандард во земјата, па затоа со радост беше примена веста за бесплатен Wi-Fi на една од најпосетените железнички станици низ која дневно минуваат околу 200 возови.

Но, кога по извесно време во локалниот интернет провајдер ги анализирале дејствата по воведувањето на бесплатната услуга, стигнале до изненадувачки податоци. Било заклучено дека најмногу биле пребарувани и симнувани содржини од порнографски страници. Освен содржини за возрасни Индијците ги посетувале и Википедија и Јутјуб, но и симнувале холивудски и боливудски филмови.

Иако бесплатниот интернет само делумно и условно е искористен во едукативни цели, индискиот министер за железнички сообраќај најавува ширење на бежичната мрежа на станиците.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top