| четврток, 6 декември 2018 |

Кој го пресече кабелот и ја остави цела земја без интернет?

Два дена без интернет била државата Мавританија откако бил пресечен подводниот кабел за интернет со кој 22 земји се вклучувале во глобалната мрежа.

Станува збор за подводен кабел АЦЕ кој е долг 17 илјади километри и кој проаѓа низ африканскиот и европски брег и спојува 22 држави на потег од Јужноафриканската Република до Франција. Кабелот бил пресечен на 30 март.

Без интернет останале и жителите на Брегот на слоновата коска, Сенегал, Екваторијална Гвинеја Гвинеја и уште неколку африкански земји, а најлошо било во Мавританија каде што жителите биле без интернет два дена.

Уште не е јасно кој го пресекол кабелот, а „Бизнис инсајдер“ пишува дека има шпекуалции оти за тоа е одговорна владата на Сиера Леоне, која се обиде да влијае на исходот на изборите во ноќта меѓ 31 март и први април, така што на своите жители им оневозможи да имаат пристап на интернет.

Во последните неколку години се забележани неколку слични инциденти во кои се пресечени подводните кабли што предизвика пад на интернет. Најчесто оштетувањата на каблите биле предизвикани од сидрата на бродовите или пак ги изгризале ајкули.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top