| четврток, 6 декември 2018 |

Миноски: Земјоделското производство ќе се стимулира со бројни мерки

ВМРО-ДПМНЕ како партија на народот секогаш е помеѓу народот со цел да ги слушне проблемите и да ги даде своите предлози за нив за следните парламентарни избори. Интензивно работиме на комплетирање на програмата, истата ќе биде најсеопфатна со голем број мерки меѓу кои и креирањето на нови работни места, инвестициите и благосостојба за граѓаните, истакна членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Кирил Миноски по денешната средба со граѓаните во Брвеница.

-Со оглед дека сме во населено место во кое голем дел од населението се занимава со земјоделство, како и во изминатиот временски период во кој инвестиравме повеќе од 8 милиони евра поддржувајќи го земјоделение преку бројни  мерки, и во следниот период ќе имаме голем број мерки со кои ќе се стимулира земјоделското производство кое ќе биде извозно ориентирано, истакна Миноски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top