Кирил Миновски, член на раководството на ВМРО ДПМНЕ и министер за финансии, денес оствари средба со голем број на жители од Негорци. Тие разговараа за досега реализираните проекти, но и за работите кои се планирани за следниот период. Миновски ги запозна насобраните граѓани со дел од новата програма со која ВМРО-ДПМНЕ ќе ја побара довербата на претстојните избори.
-Тоа е програма во која што централно место има креирањето на новите работни места, инвестициите, подобрувањето на животниот стандард и благосостојбата на граѓаните. За таа цел, имаме предвидено бројни мерки, имаме јасна визија на кој начин да се подобри животниот стандард во интерес на развојот на економијата, рече тој.
Миновски истакна дека мерките кои се предвидени во оваа програма се фокусирани на развојот на инфраструктура, развој на претпријатија, но Владата посебно внимание посветила и на земјоделството.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Протестен марш на ВМРО ДПМНЕ во 17 часот (во живо)
-
Отворено и транспарентно: ВМРО-ДПМНЕ со Јавен повик за кандидирање на членови на Комисии
-
Стоилковски: Заев и Спасовски да одговорат колку Иван Савидис е економски присутен во Македонија и дали има поврзаност со Владата
-
Што говореше за Уставот пред да се предомисли предавничката Александрова и да ги гласа измените? (видео)