| четврток, 6 декември 2018 |

МЗТ Скопје ги пушти во продажба билетите за првото македонско дерби во АБА-лигата

mzt-skopje

Кошаркарскиот шампион МЗТ Скопје Аеродром денес ја почна продажбата на влезниците за средбата против Карпош Соколи, закажана за 23 октомври (недела) во салата „Јане Сандански“ со почеток во 17.00 часот, а во рамки на 6. коло од АБА-лигата.

Цената на билетот за првото македонско дерби во регионалното натпреварување изнесува 100 денари и истиот веќе може да се купи на билетарницата при спортскиот центар „Јане Сандански“, како и електронски преку интернет-страницата ticketplus.mk.

Овој меч со сигурност ќе претставува прва победа за една македонска екипа во регионалното натпреварување бидејќи и МЗТ Скопје и Карпош Соколи ги загубија првите пет натпревари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top