Мајка што го убила сопствениот осумгодишен син, откако тој ја затекнал во љубовен клинч со неговиот дедо, е осудена на 30 години затвор. Сицилијанката Вероника Панарело го задавила својот син Лорис Стивал со електрични кабли и неговото тело го фрлила во непристапна бездна.
По страшното злосторство, Вероника пријавила в полиција дека нејзиниот син е киднапиран. Рекла дека го однела во училиште и дека оттогаш му се губи трагата, пренесува „Дејли мејл“.
Полицијсата почнала да се сомнева во нејзината приказна откако сигурносните камери покажале дека мајката не била ни близу до училиштето тој ден.
Откако го признала убиството, Панарело за сè го обвинила таткото на нејзиниот сопруг Андреа Стивал.
– Ми помогна да го испланираме убиството, откако синот нè виде како водиме љубов – изјавила таа во судот.
Дедото ги отфрлил сите обвинувања, велејќи дека тоа е „само уште една лага на оваа луда жена“.
– Toа е сосема луда. Срцето ми е скршено поради смртта на мојот внук, мојот мал ангел. Но, драго ми е што Вероника заврши в затвор и правдата е задоволена – рекол тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ужасно е да се носи облека на човек кого го убивме пред 20 минути-oвој детал доведе до разоткривање на бруталното убиство на Кашоги
-
Сопругот на Јанкулоска: Попрво земјата ќе престане да се врти, отколку Горде да го остави Петар!
-
Објавени нови детали за убиството на Кашоги: Само некој кој зема хероин би го направил тоа
-
Ако сте родиле машко бебе имате поголема шасна да страдате од постпородилна депресија