| четврток, 6 декември 2018 |

Диета со спори хидрати

Потребное е само  да се следат пет едноставни правила

Правило број 1: Избегнувајте „бели“ јаглехидрати:  Сите видови на леб, ориз (вклучувајки и кафеав ориз), житарици, компири, тестенини, торти и колачи, похована храна.

Правило број 2: Консумирајте ги  истите неколку оброци, повторно и повторно: Без оглед на тоа дали вашата цел е мускулна добивка или загуба на масти, јадењето на истите неколку оброци постојано, се смета за најефикасно. Затоа одбетете неколку продукти од трите групи на хранливи материи кои се наведени подоле, и искомбинирајте ги заедно за да го изградите секој оброк (појадок, ручек, вечера).

ПРОТЕИНИ:

  • Белки од јајца (со едно цело јајце за вкус)
  • Пилешки гради (стек) или копан
  • Говедско месо
  • Риба
  • Свинско месо

МЕШУНКИ:

  • Леќа
  • Црн грав
  • Соја

ЗЕЛЕНЧУК:

  • Спанаќ
  • Грашок
  • Мешан зеленчук
  • Брокула
  • Краставица
  • Боранија

Јадете колку што сакате од овие продукти и обидете се тоа да биде едноставно.
Одберете три или четири оброци кои ќе ги консумирате постојано (доручек, ручек, вечера).

Примерок за распоред на оброците:

10 – Појадок

13 – Ручек
17 – Втор помал ручек
20  -Вечера

Идеја за оброк:

  • Појадок: Две белки од јајца и едно цело јајце, варен црн грав во комбинација со мешан зеленчук
  • Ручек: Телешко месо со мешан зеленчук, грав
  • Вечера: Телешко месо, леќа и мешан зеленчук

Правило број 3: Немојте да пиете екстра калории.

Пијте големи количини на вода и  незасладена чај, може и кафе. Кафето  може да го пиете со цимет. Не пијте млеко, безалкохолни пијалаци, или овошен сок.

За оние кои се љубители на алкохол дозволено е црвено вино 1-2 чаши речиси секоја вечер.

Правило број 4: Не јадете овошје.

Правило број  5: Земете еден  слободен ден во неделата – ден за мамење

Се препорачува слободниот ден да биде во сабота. Деозволено е да јадете све што ќе посакате.

Диеата ја препорачува Даниел Трбогазов, професор по физичко образование, фитнес тренер и инструктор по пливање.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top