| четврток, 6 декември 2018 |

Професорка фрли 2.000 евра мито од прозорец

Професорка по математика од машинскиот Факултет во Сплит, фрлила мито од 2.000 евра низ прозорец. Како што пренесува Јутарни лист, професорката по Математика од 21-годишниот студент и неговиот 25-годишен брат, добила мито од 2.000 евра за тој да го положи испитот кај неа.

Деканот вели дека поради тајноста на случајот не може многу да зборува, но сепак признава дека студентот веќе е поранешен колега.

Професорката не сакала да ги прифати парите, ја известила управата, се јавила да го пријави случајот во полиција и секако ги фрлила парите и тоа низ прозорец.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top