| четврток, 6 декември 2018 |

Милито за ситуацијата во Интер: Коментарите на Икарди беа многу ниски

milito

Познатата навивачка група на Интер, „Курва Норд“, вчера со официјално соопштение јасно стави до знаење дека не ја прифаќа одлуката на клубот сегашниот капитен да продолжи да го видо клубот и дека за нив Икарди никогаш нема да биде капитен на тимот, а за оваа тема се огласи и поранешниот одличен напаѓач на „нераѕурите“, Диего Милито.

Аргентинецот секако е во добро сеќавање на фановите на Интер кои на големо го возвишуваа неговото име по освоената титула во Лигата на шампионите, па токму поради тоа неговото мислење предизвика големо внимание во италијанската јавност.

– Тоа е еден сосема непотребен коментар, несоодветен коментар по кој нормално е тоа што навивачите се свртеа против него. Навистина не сфаќам што мислеше да добие со тој дел од книгата. Коментарот беше многу силен и низок и сигурно не му донесе никаква корист. Ваквото однесување сигурно нема да му помогне во кариерата, изјавил Милито за „Радио Гуемес“

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top