На околу четири месеци до почетокот на Светското првенство во Русија, аргентинските медиуми објавија дека селекторот Хорхе Сампаоли решил во тимот кој ќе настапи на Мундијалот да го нема најдобриот стрелец на Интер, Мауро Икарди.
Одлуката е изненадувачка, но и логична бидејќи Икарди, иако според квалитетите заслужува место во репрезентацијата, нема добри односи со поголем дел од играчите. Икарди има одиграно само четири натпревари за Аргентина.
Медиумите во оваа земја заклучија дека кога веќе нема игра, Сампаоли решил барем во соблекувалната да има добра атмосфера.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.