Српскиот премиер, Александар Вучиќ, денес додека бил во посета на еден од земјоделските имоти во селото Горно Краљинце, имал интересна и можеби непријатна ситуација откако дегустирал лута пиперка. Тој на шега на министерот за земјоделие кој бил со него, Бранислав Недимовиќ, откако прифатил да проба од лутите пиперки на сопственикот, му рекол:
– Ако умрам, Недимовиќ, да знаеш дека ти си крив.
Откако се излутил со пиперката, му ја дал на својот министер и тој да проба, но овој одбил.
Потоа премиерот Вучиќ повторно ги „боцнал“ своите министри со изјавата дека се размазени.
– Размазени се. Не можат да издржат во касарна ниту седум дена. По два дена веднаш се разбегаа, изјавил Вучиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.