| четврток, 6 декември 2018 |

Нов договор за повредениот Модриќ: До 2020 година останува во Реал М.

luka modric

Лука Модриќ стави потпис на нов договор со Реал Мадрид според кој во клубот ќе биде до 2020 година.  Реал Мадрид денеска соопшти дека ја продолжува соработката со хрватскиот интернационалец кој е важен играч во тимот на шпанскиот гигант.

– Реал Мадрид и Лука Модриќ постигнаа договор за продолжување на соработката до 30. јуни 2020 година, стои во соопштението на кралскиот клуб.

И покрај тоа што Модриќ во моментов е повреден, управата на Реал се одлучила на продолжување на неговиот договор, а се очекува следен кој ќе го продолжи договорот со „Кралевите“ да биде Кристијано Роналдо.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top