Изградба на национален гасоводен систем, либерализација на пазарот на електрична енергија, поголема искористеност на обновливите извори на енергија и зголемена енергетска ефикасност, ова се само дел од приоритетите на Владата во развојот на енергетскиот сектор за 2017 година. Главен приоритет, сепак, останува гасификациската мрежа. Се очекува да биде готова до 2022 година, ќе чини повеќе од 200 милиони евра, а ќе обезбеди помали трошоци во производството кај компаниите, како и пониски трошоци за греење кај граѓаните. Конечно ќе ги задоволи потребните количини на потрошувачите.
-Активно се работи и на гасификацијата. Започна изградбата на втората делница од националната гасоводна мрежа од Штип до Неготино во должина од 36 километри, која треба да заврши следната година. За неа се инвестираат околу 16 милиони евра. Се изгради гасоводот Клечовце/Куманово – Штип, а чијашто вредност е 75 милиони долари. Паралелно со изградбата на оваа делница скоро, во следните 2-3 месеци се очекува да започне и изградбата на гасоводните делници Неготино/Кавадарци – Прилеп – Битола и Скопје – Тетово – Гостивар, со што ќе се заокружи првата фаза од изградбата на националната гасоводна мрежа – нагласи Груевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Струјата повторно ќе поскапи, а гасификацијата е заглавена
-
Илиовски: Не може и не смее да се игнорираат 37 милиони евра за гасификација и 47 милиони евра за топлификација
-
Преку новото сценарио за гасификација, владата на СДСМ ја прави Македонија енергетски зависна од Русија
-
Груевски: Процесот на гасификација тече одлично, постигнат е сериозен напредок во овој проект