Екипата на Интер ја продолжи низата лоши резултати откако вчера доживеа нов пораз, а овојпат Калјари си замина со три бода од „Џузепе Меаца“. Атносферата во тимот е далеку од добра, особено откако првиот напаѓач и капитен на Интер, Мауро Икарди, ја објави својата автобиографија.
Тој вчера не успеа да реализира и удар од белата точка со што уште повеќе го навлече гневот на тифозите на Интер, кои решија да му подготват вистинско „изненадување“ откако претходно со соопштение побараа од Икарди да ја предаде капитенската ленти и го навредија.
По вчерашниот меч околу 50 навивачи на Интер направиле опсада на куќата на Икарди, кој за среќа успеал да избега. Лутината на навивачите е поради неговата изјава во книгата во која во еден дел наведува: „Ако ги повикам моите пријатели од Аргентина, и тоа како лесно ќе се справат со овие тука хулигани на Интер“.
Токму поради тоа имало опсада на куќата на Икарди, пред која навивачите на „нераѕурите“ повикувале:
– Ние сме тука, каде се твоите пријатели од Аргентина? Ќе не предупредиш или ќе бидеш кукавица како секогаш?
Од клубот најавуваат дека на Икарди ќе му биде одземена капитенската лента, а би можело наскоро и да го напушти клубот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.