Македонските граѓани и натаму се едни од најбројните туристи во Грција со оглед на тоа што се престојува во текот на целата година за викенди, како и за цели годишни одмори.
Така во првите шест месеци од годинава се забележани над 500 илјади македонски посети, со тоа што бројките ќе бидат значително поголеми кога ќе се споредат ноќевањата и посетите во екот на туристичката сезона.
Македонците иако се четврти најбројни туристи во Грција заедно со Германците, Британците, Бугарите и Србите, оваа година оставиле за нијанса помалку пари од лани или вкупно 59 милиони за грчките угостители и трговци.
Грција за шест месеци ја посетиле 8.5 милиони туристи од кои има промет од 4 милијарди долари. Турситичката гранка во Грција бележи пад од 1.8% што се должи најверојатно на грижите за состојбата на границите околу мигрантите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.