| четврток, 6 декември 2018 |

Арсиќ му донесе победа на Металург во ЛШ

Одбраните на голманот Дарко Арсиќ беа клучни за победата на ракометарите на Металург над шпанска Ла Риоха 24-23, во мечот од 4. коло на ракометната Лига на шампионите (ЛШ), одигран вечерва во СЦ „Борис Трајковски“.

Арсиќ забележа 17 интервенции, од кои три во самата завршница на средбата, кога беше решен победникот.

Значајна улога во триумфот имаа и Милош Драгаш и Немања Обрадовиќ, кои постигнаа по седум гола, додека Филип Талески петпати ја затресе противничката мрежа.

Металург има две победи и два порази во ЛШ, во која му гостува на француски Монпелје во следниот дуел, на 23 октомври.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top