Аеродромот „Пулково“ во рускиот град Санкт Петербург е евакуиран денеска, а сите влезови и излези кон и од терминалите се затворени по добиена анонимна порака.
– По добиената порака аеродромот веднаш е евакуиран, а терминалите времено затворени. Сообраќајната полиција и аеродромските безбедносни служби преземаат соодветни мерки, соопшти аеродромската прес-служба, додавајќи дека некои летови би можеле да бидат одложени.
Британските медиуми јавуваат дека станува збор за закана од бомба.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.