Иконата на Челзи Дидие Дрогба, можеби повторно ќе заигра во фудбалска Европа. Поранешниот капитен на Брегот на Слоновата Коска моментално настапува во МЛС лигата во Монтреал Импакт, а како што пишуваат италијанските медиуми, тој би можел да премине на позајмица во тимот на Наполи.
Калчолигашот е во потрага по замена за Пољакот, Милик кој ќе отсуствува подолг период, а покрај Дрогба со Наполи се поврзува и името на Мирослав Клосе кој моментално е слободен фудбалер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.