Две ремија и победи на Наполи, Јувентус, Милан, Торино, Аталанта и Сасуоло донесе петто коло во италијанската Серија А. Дербито на колото се одигра на „Олимпико“ во Рим, каде Наполи славеше над Лацио 1-4.
Домаќинот имаше предност по првиот дел со голот на Де Врај, но во првото полувреме Лацио остана без двајцата централни дефанзивци кои поради повреди предвреме го завршија мечот, по што во вториот дел следуваше блиц крик на Наполи. Во рок од пет минути Кулбали, Каљехон и Мертенс направија целосен пресврт, а Жоржињо од пенал во последната минута го постави конечниот резултат.
Јувентус на домашен терен со резултат од 1-0 ја совлада Фиорентина со голот на Манџукич од второто полувреме.
Беневенто-Рома 0-4
Аталанта-Кротоне 5-1
Каљари-Сасуоло -:1
Милан-СПАЛ 2-0
Џенова-Киево 1-1
Удинезе-Торино 2-3
Верона-Сампдорија 0-0
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.