| четврток, 6 декември 2018 |

Ѓоковиќ ја прекинува соработката со Бекер?

nokal-beker

Најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ истакна дека сеуште не разговарал со Борис Бекер што се однесува до соработката за следната сезона.

– Ние и понатаму работиме заедно. За сега имаме план за остатокот од сезоната. За соработка во текот на следната сезона сеуште е сме разговарале, истакна Ѓоковиќ на прес конференцијата по победата над Васек Поспишил и пласманот во четврфиналето на турнирот во Шангај.

Дел од германските медиуми најавија дека Новак и Бекер нема да ја продолжат својата соработка, а ваквите информации се поттикнати од фактот што Бекер не е присутен во Шангај во монентов, односно дека како поддршка Новак го има Марјан Вајда.

Ноле по Ронал Гарос загуби во третото коло на Вимблсдон и во првото коло на ОИ во Рио, а потоа беше поразен и во финалето на УС Опен, додека пак неодамнешниот турнир во Пекинг го пропушти поради повреда. На турнирот во Шангај, каде го брани трофејот, утре во четврфиналето ќе се сретне со Германецот Мише Зверев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top