| четврток, 6 декември 2018 |

Месо од лав на мени во ресторан на Флорида

Разлутените љубители на лавовите му се заканија на мексиканскиот ресторан во Тампа (Флорида) и на неговите вработени откако на менито на ресторанот се појавило месо од кралот на животните.

Од 2 мај „Тако фјужн“, угостителскиот објект познат по понудата на егзотичниот вид дивеч, како што се ној, камила и бизон, на гостите им нуди и месо од лав. Со тоа го навлече гневот на голем број луѓе, кои се јавувале и се заканувале.
– Доаѓаат во ресторанот и велат дека ќе фрлат бомба и ќе го кренат во воздух – изјави менаџерот Бред Бранет.

– Се закануваа дека ќе го киднапираат Бред и сопственикот на ресторанот – вели другиот менаџер Бајаро Алварез.

Но, и покрај незадоволството на јавноста „Тако фјужн“ во петокот навечер ги потрошил комплетните резерви на лавовско месо – информира Алварез. Иако лавовите се загрозен вид ,во САД продажбата и консумирањето на нивното месо е дозволено – додава тој.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top