| четврток, 6 декември 2018 |

Шок за Металург, Младеновиќ се здобил со тешка повреда

nemanja-mladenovic

Екипата на Металург ќе има поголем хендикеп во продолжението од сезоната затоа што се повреди Немања Младеновиќ . Лино Червар оваа информација ја соопшти на прес-конференцијата пред Ла Риоха и изјави дека премногу жали затоа што ракометарот на Металург се повредил во дуел со Дрогришки.

– Во животот треба понекогаш и да имаш среќа. Се случи несреќен случај на почетокот на последниот тренинг во кој го загубивме Младеновиќ. Моментално е на прегледи и чекаме информации дали се работи за лигаментите на рамото или пак за повреда на клучната коска. Многу ми е жал, како да се повреди мојот син. Морав да пијам таблети да се смирам од повредата на овој тренинг. Се надевам дека ќе се врати како што треба на терените, иако се работи за премногу незгодна ракометна повреда – изјави Червар.

Повредата на Младеновиќ доаѓа по повредата на словенечкиот ракометар Мартин Марчец.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top