Главната состојка на оваа диета е зелката, поточно супата од зелка која освен зелка вклучува и кромид, пиперка, целер и морков. Диетата се држи седум дена и гарантира брза згуба на килограми. По неколку дена пауза, диетата може да се повтори уште еднаш.
Супата од зелка се јаде како главно јадење три пати на ден. Може да ја подготвите само еднаш, а потоа само да ја загревате. Но дозволени се и други комбинации од намирници, како додатоци на оброкот, спред диетниот календар на деновите во неделата. Еве како изгледа диетниот режим со супа од зелка:
1 ден
Првиот ден, освен супата, дозволува и овошје. Овошјето сепак треба да биде нискокалорично и со голема содржина на вода. На пример, лубеница, диња, праска, додека бананите се исклучени. Овошни сокови од лимон и портокал се исто така дозволени во првиот ден, но да се пијат без шеќер.
2 ден
Вториот ден заедно со супата дозволен е и зеленчук за меѓуоброци. Зеленчукот треба да се подготвува варен или на скара, дозволени се домати, пиперки, краставица, целер, морков, црн домат, тиквички, но не и грашок, боранија и компир.
3 ден
Третиот ден дозволува овошје и зеленчук за меѓуоброци.
4 ден
Четвртиот ден дозволува исто како и третиот, само што може да се додаде и 1 компир за вечера (варен или печен) и 1 банана.
5 и 6 ден
Петтиот и шестиот ден освен супата се јаде и варено говедско месо или пилешко месо (кое може да се додаде во супата) или дури до 500 грама говедско/пилешко месо да биде за вечера.
7 ден
Седмиот ден е ден на награда, па со супата може да се додаде и шака варен интегрален ориз како и зеленчук.
Во текот на седумдневната диета дозволено е кафе и зелен чај, но без шеќер. Загубата на килограми се гледа по третиот ден.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.